субота, 10. децембар 2016.
ПРАШАЊАТА И ЗАДАЧИТЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ПО ФИЗИКА ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА
ДЕКЕМВРИ 10, 2016VIII. ОДДЕЛЕНИЕ:
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ:
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ:
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
Тема 3 Светлина
ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
Тема 3 Светлина
Тема 4 Земјата и подалеку (Целокупниот материјал по физика предвиден според учебникот Физика за осмо одделение).
МАКЕДОНСКА ЈУНИОРСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ (за ученици кои нема да наполнат 16 години во календарската година)
Темите од кои ќе бидат проблемите (прашањата и задачите) на Македонската јуниорска олимпијада ќе бидат според програмата (предвидениот материјал) за Меѓународната јуниорска олимпијада.Програмата може да погледате на следниов линк: http://www.ijsoweb.org/qna/IJSO_syllabus_accepted_20091204.pdf
НАПОМЕНА: Прочитајте го документот во прилог.
IX. ОДДЕЛЕНИЕ:
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ:
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ:
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
Тема 3 Електрицитет и магнетизам
ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ:
Тема 1 Сили и движење
Тема 2 Енергија
Тема 3 Електрицитет и магнетизам
Тема 4 Звук (Целокупниот материјал по физика предвиден според учебникот Физика за деветто одделение).
МАКЕДОНСКА ЈУНИОРСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ (за ученици кои немада наполнат 16 години во календарската година)
Темите од кои ќе бидат проблемите (прашањата и задачите) на Македонската јуниорска олимпијада ќе бидат според програмата (предвидениот материјал) за Меѓународната јуниорска олимпијада. Програмата може да погледате на следниов линк: http://www.ijsoweb.org/qna/IJSO_syllabus_accepted_20091204.pdf
НАПОМЕНА: Прочитајте го документот во прилог.
temizanatprevarifizika_osnovno
четвртак, 8. децембар 2016.
Обновливи и необновливи извори на енергија .Ова ке го најдете на следниот линкhttps://www.slideshare.net/secret/fifAftSIgYAWrv
понедељак, 14. новембар 2016.
субота, 9. април 2016.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2015/2016
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2016
20 февруари 2016
8 одделение
Задача 1. Ведран се лизга по подлога без триење како што е прикажано на Сликата 1. Во точката А е Ведран и нема почетна брзина. Колкава е брзината на Ведран во точката B и во точката C? Земјиното забрзување да се земе g= 9,81 m/s2. Отпорот на воздухот да се занемари.
Задача 2. На тело му дејствува сила во хоризонтална насока со големина од 40 mN при што му соопштува брзина од 12cm/s за време од 1min. Пресметајте ја масата на телото земајќи во предвид дека во почетниот момент тоа мирувало.
Задача 3.Тело од состојба на мирување почнува да се движи рамномерно забрзано праволиниски со забрзување0,5 m/s2 . Да се пресмета брзината на телото во моментот кога ќе помине пат0,1 km .
Задача 4. Движењето на едно тело е претставено графички на Слика 2. Со s е означен патот кој го поминува телото, додека со t е означено времето на движење. Со помош на податоците од графикот пополни ја Табелата 1. Колкаво е забрзувањето со кое се движи телото?
Задача 5. Сад со форма на коцка со страна 12 cm e целосно исполнет со мед чијашто густина изнесува 1400 kg/m3 . Друг сад во форма на квадар чии страни се 0,1 m, 1,2 dm и 18 cm e целосно исполнет со вода чијашто густина изнесува 1000 kg/m3 . Да се пресмета односот на масите на медот и водата во садовите.
Секоја од задачите носи по 20 бодови
Времето за решавање на задачите е 120 min
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2016
20 февруари 2016
9 одделение
Задача 1. Молњата настанува кога доаѓа до проток на електрони помеѓу облакот и Земјата. Претпоставувајќи дека јачината на струјата во молњата изнесува 20 kC/s и дека времетраењето на молњата изнесува 0,1 ms , да се одреди бројот на електрони кои од облакот ќе преминат на Земјата. Електричниот полнеж на електронот да се земеe = 1,6x10-19C
Задача 2. Во колото дадено на Сликата 1 се врзани два отпорника. За отпорниците се знае дека отпорот R1 е два пати поголем од отпорот R2 . Ако волтметарот покажува напон од 24V , а амперметарот А јачина на струја од 3 А, пресметај колкава струја ќе покажуваат амперметрите А1 и А2? Внатрешниот отпор на изворот да се занемари.
Задача 3. Колкав е еквивалентниот капацитет помеѓу точките А и B на кондензаторската батерија прикажана на Слика 2.
Задача 4. На Слика 3 се прикажани три идентични соленоиди (означени со 1, 2 и 3) кои се приклучени на извор на постојан напон. Колкав е односот на јaчината на магнетните полиња внатре во секој соленоид. Објасни!
Задача 5. Колкава струја тече низ примарната навивка на трансформаторот (Слика 4) кој го трансформира наизменичниот напон од 220 V на 110 V, ако отпорот во секундарната навивка е 50 Ω.
Пријавите се на:
Постови (Atom)